Sunday, February 10, 2019

КИНЕТИЧКА ЕНЕРГИЈА



Енергијата  која ја имаат  телата при движење се нарекува  кинетичка енергија.
Извршената работата на едно тело е мерка за промената на  енергијата на телото врз кое се вршело дејството. Ова ќе го искористиме за да определиме од што зависи големината на кинетичката енергија која ја добива телото под дејство на дадена сила која му ја менува и положбата и брзината на телото

Под дејство на постојаната сила, брзината на телото се променува од v1  на v2, а големината на  vе дадена со формулата
Изразот во заградата е еднаков со изминатиот пат кај рамномерно забрзано праволиниско движење

Според тоа се добива:
Од оваа формула може да го изразиме изминатиот пат, преку промената на брзината на телото:
Оваа формула (ж) за патот, ќе ја замениме во формулата (3)
По скратувањето на забрзувањето а и множењето со масата m, разделувајќи ги членовите од разликата се добива:
Кинетичката енергија на едно тело зависи правопропорционално  од масата на телото и квадратот од неговата моментна брзина, т.е. еднаква е на полупроизводот од масата на телото и неговата моментна брзина


Кинетичката енергија е скaларна величина и не зависи од правецот и насоката на  движење на телото. Телото не може да има негативна кинетичка енергија, а нејзината вредност е еднаква на нула кога  телото мирува.

Според погоре кажаното, работата на силата која дејствува на телото и ја менува неговата брзина еднаква е на промената на кинетичката енергија на телото, т.е


Телото ја зголемува својата кинетичка енергија (Ек2 к1) ако на на него дејствува сила чија насока на  дејствување се  поклопува со насоката на движење на телото ( или зафаќа остар агол со поместувањето), бидејќи тогаш работата на силата е позитивна, па и Ек2  - Ек1>0 . Ако се насоките на поместувањето и на силата спротивни, работата на силата е негативна па кинетичката енергија на телото се смалува (Ек2 < Ек1), бидејќи Ек2  - Ек1<0 .

Вежби, активности и задачи:

Означете кои предмети имаат кинетичка енергија, ако не го земеме предвид движењето на Земјата?
 
    Камионот  кој вози на автопат
     •
    Трпе го пушта каменот да паѓа
     •
     Топката се тркала по ридот
     •
      Петар слуша музика.

За следните задачи мoжете да го употребите овој колкулатор







Повеќе:



No comments:

Post a Comment