Monday, December 22, 2014

РАМНОМЕРНО ЗАБРЗАНО ПРАВОЛИНИСКО ДВИЖЕЊЕ



Постојат многу видови на нерамнономерни (променливи) движења. Најпрост вид на променливо движење е ако забрзувањето во текот на времето не се менува, т.е. останува константно. Тогаш телото изведува  рамномерно забрзано праволиниско движење.


Анализирај го движењето на колата, давајќи произволни вредности на почетната положба, почетната брзина и забрзувањето. Повтори го движењето со копчето РЕСЕТ и дај нови почетни услови. Од графикот на брзината, дај свој коментар како се менува брзината во текот на времето! 
Бидејќи брзината кај рамномерно забрзаното движење се менува континуирано, а забрзувањето е константно, моментната брзина може да се определи од  формулата за забрзување, кога 

       





Или во проекција на Х – оската: 


Графички оваа зависност е претставена со графикот на брзината кај рамномерно забрзано праволиниско движење кој што може да се искористи за определување на големината на поместувањето, т.е. изминатиот пат
Бидејќи површината која е зафатена со графикот на брзината, координатните оски и ординатата во некое произвилно време е трапез, чија плоштина можеме да ја пресметаме како збир на плоштините на еден правоаголник и еден триаголник се добива:




Имајќи во предвид дека големината на поместувањето може да се определи како разлика помеѓу крајната и почетната координата, следува:


 и на крај се определува положбата на телото во било кој момент кога тоа изведува рамномерно забрзано движење

Пример: 




Добри сајтови да научите повеќе за рамномерно забрзано праволиниско движење - Посетете ги:









Sunday, December 21, 2014

НЕРАМНОМЕРНО ( ПРОМЕНЛИВО) ПРАВОЛИНИСКО ДВИЖЕЊЕ

Ајде да повозиме мотор! – Кликни, притисни на зеленото копче и вози! Забележи што се случува со брзината на движењето! 
Во секојдневниот живот многу почести се немномерните т.е променливите праволиниски движења. Кај ваквите движења телото за еднакви временски интервали поминува нееднакви ( различни) поместувања.

Нерамномерното праволиниско движење може да се анализира со една ваква постановка


Анализата покажува дека поместувањата за секоја секунда ( или во еднакви временски интервали) не се еднакви

                  
Штом поместувањата за еднакви временски интервали не се еднакви, тогаш следува дека и брзината кај ваквите движења се менува, т.е. не е константна


Меѓутоа, во секојдневието често пати кога се зборува за некое променливо движење, се зема во предвид целото поместување и целиот временски интервал на движење. Во ваков случај ако ја пресметаме брзината, тогаш во суштина се зборува за средна брзина


Средната брзина претставува однос од вкупното поместување  што го извршило телото за даден временски интервал и големината на тој временски интервал


Средната брзина никако не смее да се пресметува како аритметичка средина на брзините на поодделните делови од движењето, на пример ако целото движење се подели на три дела:



Воведувајќи ја средната брзина, всушност, нерамномерните движења се поистоветува со рамномерно праволиниско движење. Меѓутоа, сите имаме искуство дека движењето е континуиран процес и брзината не се менува во скокови, туку имаме постепено континуирано зголемување или намалување на нејзината вредност. Тоа значи дека во даден момент од времето, кога телото се наоѓа во дадена точка од траекторијата, брзината има своја големина која ја отчитуваме на брзинометрите

      
За таа цел, во кинематиката е воведен поимот моментна ( мигновена) брзина. Моментната брзина е брзината што ја има телото во даден момент на времето кога телото се наоѓа во дадена точка од траекторијата. Математички таа се искажува со формулата



Бидејќи брзината кај нерамномерните движења се менува континуирано, за  да  се определи колку брзо ја променила својата големина од една до друга вредност, се воведува нова кинематичка величина која се вика забрзување.
Забрзувањето претставува промена на брзината во единица време.
Ако тоа забрзување го определуваме за даден временски интервал, станува збор за средо забрзување.
            

          

Ако временскиот интервал е многу мал ( тежи кон  0 секунди), тогаш се определува моментното забрзување

Основна мерна единица за забрзување во SI-системот е


        Пример:  




Анимација на променливо праволиниско движење:  Шетач 


Задачи од променливо праволиниско движење ќе најдите на следниот линк. 














Wednesday, December 17, 2014

РАМНОМЕРНО ПРАВОЛИНИСКО ДВИЖЕЊЕ


За една минута временски интервали колата поминува еднакви поместувања

Ако едно тело се движи по права линија и за еднакви временски интервали поминува еднакви поместувања, тогаш тоа изведува рамномерно праволиниско движење . Бидејќи, брзината на движењето е дадена со поместување во единица време, а кај рамномерното праволиниско движење, за еднакви временски интервали, телото поминува еднакви поместувања, значи дека ова е движење со константна брзина
Дека брзината е константна може да се покаже ако се направи анализа на една ваква постановка


Видео снимката на анимација на постановката може да се види на следниот линк


Анализата покажува дека поместувањата за секоја секунда се еднакви 
      
 



Ако почетното време се земе дека е 0, т.е t 0 = 0, тогаш ќе можеме да го определиме поместувањето на телото во кое било време:

 
За да преминеме во координатен начин на опишување на движењето со кој може да ја определиме положбата на телото во било кое време, треба да ја извршиме проекција на поместувањето врз координата оска која ја врзуваме со референтното тело.


Од сликата се гледа дека големината на поместувањето можеме да ја добиеме како разлика помеѓу координатите на крајната и почетната положба, па од таму се  добива следната формула:


Оваа зависност на координатата од времето може да се прикаже и графички и е познат како график на движењето


На сликата се прикажани графици на движење на три тела кои имаат различни брзини. Во овој случај      
  ,

Графички може да се прикаже и зависноста на брзината од времето, во овој случај се добива график на брзината.  Од графикот на брзната може да се определи изминатиот пат т.е. големината на поместувањето. Од графикот на брзината може да се определи и изминатиот пат како големина на површината, зафатена со координатните оски, графикот на брзината и ординатата подигната во дадено време.

Аплети за рамномерно праволиниско движење:

 http://physics.bu.edu/~duffy/HTML5/motion_diagrams.html