Saturday, October 8, 2016

ЕЛАСТИЧНИ СИЛИ

                         ЕЛАСТИЧНИ СИЛИ                           


Размислете и одговорете на следниве прашања: 

Што се случува кога ќе седнете на душек и потоа ќе станете?















 Што се случува кога растагнувате пружина, и потоа да ја пуштите?


Што се случува со сунѓерот кога ќе го притиснеме? А што кога ќе го пуштиме?


Кои други тела се однесуваат како пружината и сунгерот?











Заклучок:

Често се случува под дејство на надворешна сила телата да ја променат својата форма и волумен. Ако по престанокот на надворешното дејство телото ја добие првобитната форма и волумен, тоа е еластично тело ( пружина, ластик, сунѓер....)
Ако телото не се врати во првобитната форма, по престанокот на надворешното дејство, тоа е пластично ( пластелин, мастика .....)


Промената на формата и волуменот на телото се вика деформација на телото. Во зависност од начинот на делување на надворешната сила се разликуваат неколку видови на деформации:


-         Стиснување
-         Издолжување
-         Усукување (торзија)
-         Свиткување
-         Смолкнување

Погледнете мали инсерти од цртаните филмови „ Којотот Вили и Брзата птица“



Kоја  сила ја применува Којотот?
По престанувањето на надворешното дејство кое предизвикало деформација на еластичното тело, тоа се враќа во првобитната форма и волумен како резултат на внатрешна сила позната како ЕЛАСТИЧНА СИЛА. Еластичната сила се јавува како реакциска сила на надворешната сила која ја предизвикува деформацијата.


За секое тело постои гранична големина на надворешната сила, до која телото може да ја  задржи својата еластичност. Ако надворешната сила е поголема од таа гранична вредност телото трајно ќе се деформира


Роберт Хук ( Robert Hooke – 18.07.1635 – 03.03,1703), англиски физичар, прв напавил експерименти за еластичноста на телата и врз основа на тие експерименти во 1660 објавил латински анаграм, чие решение го дал во 1678 како Ut tensio, sic vis или во превод „ Колку издолжување, толку сила“ што во денешно време е познато како Хуков закон: Силата која е потребна за издолжување ( стиснување) на една пружина е право пропорционална со издолжувањето (скусувањето)   

                                              F = k · Δl

          Δl е соодветната деформација
          k е коефициент на еластичност карактеристичен за секоја спирала и зависи од градбата на спиралата и претставува сила која треба да  дејствува за да ја издолжи спиралата за единица должина. Нејзината мерна единица е


Како што спомнавме погоре, еластичната сила е реакциска сила на надворешната сила која врши деформација
                             
                                                     Fel = - F

                                          
                                                   Според тоа : 

                                                   Fеl = - k · Δl


Проверете ја оваа зависност со симулацијата  „Еластични сили – Хуков закон“

Уште една анимација за проверка на Хуковиот закон 

 Анимација на Хуков закон

Хуковиот закон важи и за други еластични тела, а не само за пружина. Често пати еластичната сила  добива и други имиња. На пример, еластичната сила која дејствува на тело од страна на подлогата на која е поставено телото се вика  реакција на подлогата


 Еластичната сила, која дејствува на телото од страна на обесиштето се вика реакција на обесиштето или сила на затегнување на конецот.


Задачи:

Zada~a 1: Ako obesime teg so masa 400 g na  elasti~na  pru`ina,
 ~ija dol`ina e 20 cm nejzinata  dol`ina se zgolemuva na 35 cm.
Kolkava e konstantata na  elasti~nost na  pru`inata?

Решение: 

Zada~a 2: Teg so masa 100 g obesen  e na konec  so  zanemarliva
masa. Kolkava e silata na zategnuvawe na konecot pri:
a) obesuvawe na teloto, b) obesuvawe na konecot?
Kolkava  e silata na zategnuvawe na  konecot vo  sekoj  od ovie
slu~ai  ako  negovata  masa e 10 g?

Решение:


Zada~a 3: Na horizontalna  podloga le`i  telo so masa 20 kg.
So kolkava sila podlogata  dejstvuva  na teloto? Dali taa  sila
bi bila pogolema ili pomala ako e teloto  na navedna  ramnina?

Решение:

И на крај, за тие што сакаат уште, еве неколку корисни линкови: