Постојат многу видови на нерамнономерни
(променливи) движења. Најпрост вид на променливо движење е ако забрзувањето во текот на времето не се менува, т.е. останува
константно. Тогаш телото изведува рамномерно забрзано праволиниско движење.
Анализирај го движењето на колата, давајќи
произволни вредности на почетната положба, почетната брзина и забрзувањето.
Повтори го движењето со копчето РЕСЕТ и дај нови почетни услови. Од графикот на
брзината, дај свој коментар како се менува брзината во текот на времето!
Бидејќи брзината кај рамномерно забрзаното движење се
менува континуирано, а забрзувањето е константно, моментната брзина може да се
определи од формулата за забрзување,
кога
Или во проекција на Х – оската:
Графички оваа зависност е претставена со графикот на
брзината кај рамномерно забрзано праволиниско движење кој што може да се
искористи за определување на големината на поместувањето, т.е. изминатиот пат
Бидејќи површината која е зафатена со графикот
на брзината, координатните оски и ординатата во некое произвилно време е
трапез, чија плоштина можеме да ја пресметаме како збир на плоштините на еден
правоаголник и еден триаголник се добива:
Имајќи во предвид дека големината на поместувањето може да се определи како разлика помеѓу крајната и почетната координата, следува:
Пример:
Добри сајтови да научите повеќе за
рамномерно забрзано праволиниско движење - Посетете ги: