Monday, February 11, 2019

ПОТЕНЦИЈАЛНА ЕНЕРГИЈА





Како би го опишале банџи- скокачот? Како некој кој е:

§        Храбар
§        Полн со гравитациона потенцијална енергија
Телата имаат механичка енергија кога се наоѓаат во гравитационо  поле  или кога имаат еластична деформација




          Гравитациска потенцијална енергија


Гравитациска потенцијална енергија е енергија која ја поседува едно тело за сметка на неговата положба, т.е неговата висина во однос на површината на Земјата
Ако пуштиме слободно  да паѓа некое тело ( јаболко, топче) од висина  h, тогаш на него му дејствува  Земјината тежа, таа го привлекува телото и врши позитивна работа. Големината на извршената работат на Земјината тежа  е еднаква со потенцијалната енергија која ја имало телото кога се наоѓало на висина h.  



Гравитациската потенцијална енергија на тело зависи од неговата маса и неговата висина  во однос на површината на земјата, а не зависи од видот на траекторијата по која е издигнато телото до дадаена висина  


Проверете  ја зависноста на потенцијалната енергија од масата на телото и висината  на која е подигнато телото со следната анимација:   
Силите, кај кои работата на силата не зависи од патот по кој телото стига до дадена точка во просторот се викаат конзервативни сили. Такви сили се силите кои вршат работа во сопствено поле. На пример, Земјината тежа  при подигање и спуштање на тело врши еднаква работа без разлика дали спуштањето (подигањето) се врши вертикално на горе, по наведена рамнина, по скали или по некоја крива линија.

Работата на конзервативните сили по затворена патна линија е еднаква на нула
 

Во сите случаи, за големината на извршената работа на Земјината тежа, а со тоа и големината на потенцијалната енергија зависи само од растојанието помеѓу почетната (нулта положба) и крајната висина. 
Кога подигаме тело на горе, надворешната сила која го врши подигањето врши позитива работа совладувајќи го дејството на Земјината тежа.
Работата на Земјината тежа секогаш е еднаква на  негативната промената на потенцијалната енергија .
Ова значи дека при подигање на телото, кога Земјината тежа врши негативна работа,  потенцијалната енергија  на телото се зголемува, а кога телото паѓа, потенцијалната енергија му се намалува 



Ако сакаме да ја пресметуваме потенцијалната енергија на гравитационата сила на друга планета, во пресметките треба да се користат гравитационите забрзувања на соодветните планети

Активности, вежби и задачи  






2.     Кутија со маса 8,3  kg , се наоѓа на платформа со косина.

       а) Колкава гравитациона потенцијална енергија има кутијата кога е на врвот од платформата?
       б) Колкава е гравитационата потенцијална енергија  на кутијата кога таа ќе падне на првото ниво над подножјето

     3. Корпа од „ Ролер – костер“ со маса 250 kg, се наога во положбата А
а) Пресметајте ја големината на гравитационата потенцијална енергија  во положбата А во однос на земјата
б) Пресметајте ја промената на гравитационата потенцијална енергија  помеѓу положбите В  и  С
4. Колкава маса има телото што се наоѓа на висина 15 m и има потенцијална енергија од 600 Ј?
   5. До која висина треба да го подигнеме  тело со тежина  8 N за да добие потенцијална енергија од 40 Ј?

 5. Знаејќи дека потенцијалната енергија на топче на врвот на пет еднакви скалила е 50 J, определи ја потенцијалната енергија на топчето на секое скалило и на дното од наведената рамнина.

Повеќе:




Еластична потенцијална енергија

Кога станува збор за еластична потенцијална енергија, тогаш еластичните сили на деформираните тела вршат работа, како кај лакот и стрелата или кај збиена или оптегната пружина 

Работата на еластичната сила која е еднаква на потенцијалната енергија на деформирана пружина  може да се пресмета од график на еластичната сила, како плоштина на површината зафатена со графикот на силата, апцисната оска и големината на соодветна деформација 









Вежби и задачи:

1. Истражувајте како се менува потенцијалната енергија кај тег обесен на спирала




Повеќе:



No comments:

Post a Comment