Sunday, February 10, 2019

Е Н Е Р Г И Ј А 


Разгледајте ги сликите кои следуваат и обидете се да опишете кога едно тело има енергија и на кој начин се манифестира нивната енергија!!!!!





  Заклучок:

Зборот енергија потекнува од старогрчкиот збор: νέργεια, (Енергија) што во превод значи "активност, операција",  кој за прв пат се спомнува во работата на Аристотел во 4 век п.н.е.
Поимот енергија во физиката, со сегашна форма воведен е некаде во почетокот на XIX век и  е основа во секојдневното живеење.

Постојат повеќе видови на енергија ( механичка, внатрешна, електрична, нуклеарна, сончева), но најважно е да се знае дека енергијата ниту се создава ниту се губи, само преминува од еден во друг вид или се предава од едно на друго тело. Ова тврдење е познато како општ закон за запазување на енергијата  и е основна  мисла водилка на сите инжинери.

Енергијата е фундаментална физичка величина која ја опишува состојбата на телото, колку е тоа тело способно да изврши некоја работа или колкава работа извршило телото имајќи определена енергија. Значи, телото за да изврши некоја работа треба да има енергија.Телото може да има енергија, но да не работи. Колкава енергија имало телото, судиме според работата што тоа тело ќе ја изврши. Всушност, енергијата се мери преку извршената работа на некое тело и затоа енергијата и работата имаат иста мерна единица - џул. 
 

Кога едно  тело врши работа, неговата енергија преминува на телото врз  кое се дејствува.
 Пример: 
ПРОБАЈТЕ ОВДЕ
ПРОБАЈТЕ ОВДЕ
Топче/количе што има енергија удира во друго топче/количе – го поместува - врши работа- тоа застанува – ја предава енергијата на другото топче/количе
Енергијата на телото кое врши работа  се намалува за онаа вредност за која се зголемува енергијата на телото врз кое се врши работата. 
Објасни го тоа на следнава слика 
Ние во овој дел ќе се задржиме на механичката енергија, која може да се појави во два вида: кинетичка и потенцијална


Повеќе:














No comments:

Post a Comment