Sunday, November 30, 2014

ФИЗИЧКА ВЕЛИЧИНА. SI - СИСТЕМ НА МЕРНИ ЕДИНИЦИ

        


 При изучувањето на физичките појави ги следиме својствата на материјата и нивните особини кои со заедничко име се викаат физички величини. На пример, физички величини  се: масата на телата, брзината , електричниот напон, отпорот, силата и многу други.
         Секоја физичка величина има своја големина која е нејзина квантитативна карактеристика. Покрај големина секоја физичка величина има и своја димензија која претставува нејзина квалитативна карактеристика претставена со нејзина мерна единица. 
         Сете физички величини и нивните мерни единици имаат и свои ознаки - букви од латинечната и грчката азбука. Пример, електричен отпор се означува со буквата R, a основната мерна единица за отпор се вика Ом и се означува Ω. 
         Споредувајќи ги големините на истородни величини ние вршиме мерење  на физичките величини. Помеѓу физичките величини кои опишуваат определена појава во природата постојат врски. Поради поврзаноста на физичките величини со меѓународен договор е земено да се воведе систем на мерни единици. Во 1960 год. на XI - тата Меѓународна конференција за мерки е поставен метричкиот систем кој се користи скоро во целиот свет- познат како SI - систем кој содржи 7 основни и 2 дополнителни физички величини со нивни мерни единици 
     Основните физички величини и нивните мерни единици се:
Основни SI-единици
ИмеСимболВеличинаДефиниција
килограмkgмасаЕдиницата за маса е еднаква на масата на меѓународниот прототип за килограм (еталон од платина и иридиум) чуван во Меѓународното биро за тегови и мерки (BIPM), во Севр, предградие на Париз 
секундаsвремеЕдиницата за време претставува траење од точно 9192631770 периоди одзрачењето кое одговара на преминот меѓу две хиперфини нивоа од основната состојба на атомот на цезиум - 133 на температура од
0 К
метарmдолжинаЕдиницата за должина е еднаква на изминатиот пат којшто го минувасветлината низ вакуум за време од 1/299792458 секунди 
амперAелектрична струјаЕдиницата за електрична струја претставува постојана струја која, кога би се одржувала во два прави и паралелни проводници сместени во вакуум на меѓусебно растојание од еден метар со неограничена должина и занемарливо мал кружен пресек, би предизвикала меѓу нив сила еднаква на 2×10−7 њутни по метар должина 
келвинKтермодинамичка температураЕдиницата за термодинамичката температура (или апсолутна температура) е точно 1/273,16 од термодинамичката температура на тројната точка на водата 
молmolколичество супстанцијаЕдиницата за количество супстанција е количество на супстанција која содржи толку елементарни единки, колку што има атоми во 0,012 килограми од изотопот на чистиот јаглерод 12. Оваа единица е приближно еднаква на 6,02214199×1023(Авогадров број).
канделаcdјачина на светлинатаЕдиницата за јачина на светлината е светлинската јачина во одреден правец од извор на светлина кој емитува монохроматско зрачење со фреквенција од 540×1012 херци и чијашто јачина на зрачењето во тој правец е 1/683 вати по стерадијан 
      Дополнителни единици се геометриските единици
радијанradагол во рамнинаЕдиницата за агол во рамнина е агол еднаков на аголот помеѓу два радиуси кои од кружницата отсекуваат лак со должина еднаква на големината на радиусот
стерадијанsrпросторен аголЕдиницата за просторен агол е агол еднаков на просторниот агол кој имајќи врв во центарот на топка исекува на површината на таа топка површина со плоштина еднаква на плоштината на квадратот чија страна е радиусот на топката
     Со помош на основните и дополнителните физички величини и нивните единици се дефинираат сите други физички величини и нивни соодветни мерни единици кои се викаат изведени. Некои изведени и сложени мерни единици имаат меѓународно прифатени имиња и соодветни симболи. 
      Со меѓународен договор е прифатено да се воведат и имиња и симболи за префикси на декадни множители со кои се формираат поголемите и децималните делови на мерните единици. 
10nПретставкаСимболКратка скалаДолга скалаДецимален еквивалент
1024јотаYсептилионквадрилион1 000 000 000 000 000 000 000 000
1021зетаZсекстилионтрилијарда (илјада трилиони)1 000 000 000 000 000 000 000
1018ексаEквинтилионтрилион1 000 000 000 000 000 000
1015петаPквадрилионбилијарда (илјада билиони)1 000 000 000 000 000
1012тераTтрилионбилион1 000 000 000 000
109гигаGбилионмилијарда (илјада милиони)1 000 000 000
106мегаMмилион1 000 000
103килоkилјада1 000
102хектоhсто100
101декаdaдесет10
100неманемаеден1
10−1дециdдесети дел0,1
10−2центиcстоти дел0,01
10−3милиmилјадити дел0,001
10−6микроµмилионити дел0,000 001
10−9наноnбилионити делмилијардити дел0,000 000 001
10−12пикоpтрилионити делбилионити дел0,000 000 000 001
10−15фемтоfквадрилионити делбилијардити дел0,000 000 000 000 001
10−18атоaквинтилионити делтрилионити дел0,000 000 000 000 000 001
10−21зептоzсекстилионити делтрилијардити дел0,000 000 000 000 000 000 001
10−24јоктоyсептилионити делквадрилијардити дел0,000 000 000 000 000 000 000 001
        Имињата на сите поголеми и помали мерни единици се прават кога пред основната мерна единица се стави соодветен префикс. Исклучок од ова правило имаме кај физичките величини маса и време

        Научи повеќе , и на овој сајт ќе најдете добро дефинирани мерни единици  https://sites.google.com/site/wwwskolafizika/si-sistem  

Прашања и задачи: 

1. Што е физичка величина? Наброј 5 физички величини кои не се основни во SI - системот!
2. Што претставува големина на физичката величина, а што димензија?
3. Колку метри се 900 нанометри?
4. Брзината на светлината е 3 x 108  m/s. Искажете ја оваа бројка во  километри во секунда (кm/s)  и гигаметри во секунда (Gm/s)
5. Едно тело се движи со брзина 72 кm/h. Колкава е таа брзина во m/s?
6. Колку кm/h е брзина од 1 m/s?
7. Колку херци ( Hz) се  450 КHz? 

Saturday, November 29, 2014

ОПЕРАЦИИ СО ВЕКТОРИ

Погледајте ја листата на видеа со материјали од курсот по Физика 1

Friday, November 28, 2014

Физиката како наука


Природа е се она што не опкружува околу нас. Физиката е една од природните науки. Нејзиното име потекнува од зборот „физис“ што значи природа. Природата е материјална. Под поимот материја се подразбира се што предизвикува осет врз сите сетила на живите организми. Материјата може да постои во вид на супстанција ( атом, електрон, молекула, дрво, стакло, вода, метал, пластика....) и во вид на физичко поле. Материјата  што постои во облик на тело или негови градивни честички се вика супстанција.

Честички 

Тела
Градивните честички и телата взаемно дејствуваат. Нивното взаемно дејство се изразува со постоење на определено физичко поле. Значи, физичко поле е вид на постоење на материјата која ги изразува взаемните дејства на честичките и телата. Бројот на физичките полиња е ограничен и скоро сите взаемни дејства се сведуваат на постоење на гравитационо поле, електрично, магнетно (или електромагнетно) и нуклеарно.

Гравитационо поле и гравитациона сила
   

Електромагнетно поле

Нуклеарно поле
                                     
Основно своство на материјата е нејзиното движење т.е. нејзината промена. Со познатата латинска сентенција „Panta Rei“ ( Се тече) е искажано ова основно својство на материјата. Секоја промена на материјата, без разлика дали е претставена како супстанција или физичко поле претставува некаква природна појава. Од сите природни појави физиката ги изучува најопштите појави кои се и базични, основни појави во природата.
Во зависност од видот на движењето на материјата физиката се дели на посебни нејзини делови: механика, термодинамика, електромагнетизам, оптика, атомска физика, нуклеарна физика, физика на елементарни честици.
Со своите откритија физиката помогнала во развој на многу научни дисциплини, индустрии, техниката, медицината , транспортот или во секоја гранка од секојдневното живеење. Но и сите тие гранки на индустријата. техниката и применетите науки од своја страна помогнале за напредокот и новите откритија на физиката, нејзино навлегување во осознавањето на микросветот, наносветот, но и вселената.

Посети  и научи повеќе
http://mk.wikipedia.org/wiki/Физика