Tuesday, December 9, 2014

ТРАЕКТОРИЈА, ПОМЕСТУВАЊЕ, ПАТ И БРЗИНА

Секое тело при своето движење опишува линија која се вика патна линија или траекторија. Според видот на тректоријата транслаторните движења се делат на
-          праволиниски  (http://tube.geogebra.org/student/m81730 )
-          криволиниски
Положбата на телото (материјалната точка) во просторот може да се одреди на два начина

  1. Координатен начин

  1. Векторски начин

При векторскиот начин на опишување, положбата на телото се определува со радиусвектор, чиј почеток е во референтното тело, а крајот ја дава моменталната положба на подвижното тело


Промената на положбата на телото се определува со векторот на поместување , кој претставува разлика од радиусвекторите на крајната и почетната положба.


Делот од траекторијата, што одговара на соодветно поместување се вика изминат пат ( ѕ). Кај криволиниските движења изминатиот пат е секогаш поголем од големината на поместувањето. Единствено кога телото се движи праволиниски, без да ја менува насоката изминатиот пат е еднаков по големина со поместувањето




За да може квантитативно да се опише движењето на едно или на повеќе тела се воведува физичката величина брзина


Брзината претставува количинска мерка која е дадена со поместувањето во единица време 


Основна мерна единица за брзина е 1m/s, која е изведена мерна единица од формулата за брзина. Телото има брзина 1m/s, ако за 1s има поместување од 1m. Често во секојдневниот живот се користи поголемата мерна единица од основната 1km/h. Врската помеѓу овие две мерни единици е:




Дознај повеќе и вежбај:


2 comments:

  1. Odlicno obradjeno i veoma korisno za ucenike. Moja podrska Tatjani.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Vi blagodaram za poddrshkata kolega, toa mi dava motiv da prodolzam ponatamu

      Delete