Wednesday, December 17, 2014

РАМНОМЕРНО ПРАВОЛИНИСКО ДВИЖЕЊЕ


За една минута временски интервали колата поминува еднакви поместувања

Ако едно тело се движи по права линија и за еднакви временски интервали поминува еднакви поместувања, тогаш тоа изведува рамномерно праволиниско движење . Бидејќи, брзината на движењето е дадена со поместување во единица време, а кај рамномерното праволиниско движење, за еднакви временски интервали, телото поминува еднакви поместувања, значи дека ова е движење со константна брзина
Дека брзината е константна може да се покаже ако се направи анализа на една ваква постановка


Видео снимката на анимација на постановката може да се види на следниот линк


Анализата покажува дека поместувањата за секоја секунда се еднакви 
      
 



Ако почетното време се земе дека е 0, т.е t 0 = 0, тогаш ќе можеме да го определиме поместувањето на телото во кое било време:

 
За да преминеме во координатен начин на опишување на движењето со кој може да ја определиме положбата на телото во било кое време, треба да ја извршиме проекција на поместувањето врз координата оска која ја врзуваме со референтното тело.


Од сликата се гледа дека големината на поместувањето можеме да ја добиеме како разлика помеѓу координатите на крајната и почетната положба, па од таму се  добива следната формула:


Оваа зависност на координатата од времето може да се прикаже и графички и е познат како график на движењето


На сликата се прикажани графици на движење на три тела кои имаат различни брзини. Во овој случај      
  ,

Графички може да се прикаже и зависноста на брзината од времето, во овој случај се добива график на брзината.  Од графикот на брзната може да се определи изминатиот пат т.е. големината на поместувањето. Од графикот на брзината може да се определи и изминатиот пат како големина на површината, зафатена со координатните оски, графикот на брзината и ординатата подигната во дадено време.

Аплети за рамномерно праволиниско движење:

 http://physics.bu.edu/~duffy/HTML5/motion_diagrams.html 




No comments:

Post a Comment