Sunday, December 7, 2014

МЕХАНИЧКО ДВИЖЕЊЕ


Основно својство на материјата е нејзиното движење, а најпрост вид на движење е механичкото движењеЕдно тело изведува механичко движење кога ја променува својата положба во однос на друго тело. Механиката е дел од физиката која ги изучува механичките движења, а името го добила од зборот „механе“ што значи машина. Да се изучи едно механичко движење на некое тело, значи да се знае како се менува неговата положба во текот на времето во однос на друго тело. За да се реши оваа задача, треба да се избере едно тело во однос на кое разгледуваното тело ја менува положбата. таквото тело се вика референтно тело. Референтното тело „условно“ мирува во однос на Земјата. Од изборот на референтното тело зависи дали едно тело се движи или не и каккво е неговото движење. Затоа викаме дека постои релативност на движењата

Координатен систем врзан со референтното тело се вика референтен систем.

Механичкот двиењеможе да биде транслаторно или  ротационо
Транслаторно движење
Ротационо движење
    


No comments:

Post a Comment