Sunday, January 25, 2015

КРИВОЛИНИСКО ДВИЖЕЊЕ

                                                                
Криволиниските движења се многу почести во секојдневниот живот од праволиниските. За координатен начин на опишување на криволиниските движења потребни ни се 2 координати, ако дижењето се одвива во рамнина или 3 ако се одвива во просторот. Ќе разгледаме движење во рамнина, каде во текот на времето се менуваат две координати. Секое движење во рамнина, може да се разложи на 2 движења, како резултантно движење по два правци, според принципот на независност на движењата.

 Еве една добра анимација за принципот на независност на движењата. Пукајте со зелената стрелка откако претходно ќе ги нагодите вредностите за аголот на испукување и почетната висина на пиштолот. Следете ја патеката на куршумот и неговите проекции на х и у - оските




Стартувајте ја симулацијата – Движење на Бубамара  и анализирај го движењето на Буба марата. Менувај го начинот на движењето на Буба марата и забележи како се менуваат векторите на брзината и забрзувањето во зависност од начинот на движењето.
При разгледување и опишување на криволиниското движење, згодно е,  да се земаат мали поместувања, извршени за мали временски интервали. Во тој случај правецот на  поместувањето се поклопува со тангентата повлечена во дадена точка, па лесно се определува и правецот на моментната брзината – по тангентата во дадената точка. Дека правецот на брзината кај криволиниските движења е по тангентата во дадена точка од кривата линија, зборуваат многу примери од секојдневниот живот.

-         Коментрајте ги следниве слики и видеото: 



 Помогнете му на Барт да го вози моторот поснег. 

Како ви оди возењето??  Каде имате проблеми??


Во општ случај брзината кај криволиниските движења се менува и по големина и по правец, па како и поместувањата, така и забрзувањето можеме да го разложиме на 2 компоненти, тангенцијално и нормално. Кликнете на линкот и видете

Тангенцијалното забрзување at е определено со  промената на големината на брзината во единица време, а нормалното забрзување an, е определено со промената на правецот на брзината во единица време. Резултантното забрзување е векторски збир на овие две
компоненти.     


Големината на резултантното забрзување се пресметува со Питагоревата теорема

 Видете и научете повеќе на следниве линкови:




https://ecourses.ou.edu/cgi-bin/ebook.cgi?doc=&topic=dy&chap_sec=01.5&page=theory


No comments:

Post a Comment