Friday, November 28, 2014

Физиката како наука


Природа е се она што не опкружува околу нас. Физиката е една од природните науки. Нејзиното име потекнува од зборот „физис“ што значи природа. Природата е материјална. Под поимот материја се подразбира се што предизвикува осет врз сите сетила на живите организми. Материјата може да постои во вид на супстанција ( атом, електрон, молекула, дрво, стакло, вода, метал, пластика....) и во вид на физичко поле. Материјата  што постои во облик на тело или негови градивни честички се вика супстанција.

Честички 

Тела
Градивните честички и телата взаемно дејствуваат. Нивното взаемно дејство се изразува со постоење на определено физичко поле. Значи, физичко поле е вид на постоење на материјата која ги изразува взаемните дејства на честичките и телата. Бројот на физичките полиња е ограничен и скоро сите взаемни дејства се сведуваат на постоење на гравитационо поле, електрично, магнетно (или електромагнетно) и нуклеарно.

Гравитационо поле и гравитациона сила
   

Електромагнетно поле

Нуклеарно поле
                                     
Основно своство на материјата е нејзиното движење т.е. нејзината промена. Со познатата латинска сентенција „Panta Rei“ ( Се тече) е искажано ова основно својство на материјата. Секоја промена на материјата, без разлика дали е претставена како супстанција или физичко поле претставува некаква природна појава. Од сите природни појави физиката ги изучува најопштите појави кои се и базични, основни појави во природата.
Во зависност од видот на движењето на материјата физиката се дели на посебни нејзини делови: механика, термодинамика, електромагнетизам, оптика, атомска физика, нуклеарна физика, физика на елементарни честици.
Со своите откритија физиката помогнала во развој на многу научни дисциплини, индустрии, техниката, медицината , транспортот или во секоја гранка од секојдневното живеење. Но и сите тие гранки на индустријата. техниката и применетите науки од своја страна помогнале за напредокот и новите откритија на физиката, нејзино навлегување во осознавањето на микросветот, наносветот, но и вселената.

Посети  и научи повеќе
http://mk.wikipedia.org/wiki/Физика